Докторка на Асанж: Тој размислува за самоубиство

од Stefanija Kuzmanovska

Докторката Сондра Крозби, која го посетувала основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, додека тој беше во еквадорската амбасада, пред судот навела дека размислува за самоубиство.

Според неа, тој одново и одново ја гледал снимката како хашкиот осуденик Слободан Праjак пие отров во судницата.

Поранешниот генерал полковник на хрватската армија Слободан Праjак во 2017 година испи отровна течност од шишенце во судницата во Хаг, неколку моменти откако беше осуден на 20-годишна казна затвор за воени злосторства.

„Слободан Праjак не е воен злосторник и јас со презир ја отфрлам вашата пресуда“, извика Праjак пред да го испие отровот. Тој почина во болница два часа откако го испи отровот.

Видеото од овој настан неколку пати го гледал основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, додека престојувал во еквадорската амбасада во Лондон, изјави д-р Сондра Крозби, кој го посетувала Асанж во амбасадата.

За време на рочиштето за екстрадиција на Асанж, таа кажала дека забележала големо влошување на психичката и физичката состојба на Асанж за време на неговиот престој во амбасадата, каде што чекал азил од Еквадор за да не биде испорачан во САД.

Д-р Сондра Крозби рекла дека за време на нејзината посета во февруари 2018 година, Асанж ѝ раскажал дека размислува за самоубиство, и дека размислува за тоа „многу намерно“ и го гледа видеото од Праjак во Хаг.

Асанж неколку пати го паузирал видеото и го анализирал изразот на лицето на Праjак при самоубиството, изјави д-р Сондра Крозби, професор по медицина на Универзитетот во Бостон.

Психијатрите и бранителите на Џулијан Асанж пред неколку дена предупредија дека тој би можел да се обиде да се самоубие доколку биде испратен во САД под обвинение за шпионажа.

 

Слични содржини