Докторка од Кавадарци позитивна на коронавирус – работела во друг град

од Берта Китинска

Докторка од Кавадарци, која работела во друг град во државава, е новиот позитивен случај на КОВИД-19.

Таа е со лесна клиничка слика и е на домашно лекување.

Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, за МИА изутринава изјави дека се работи на утврдување на нејзините контакти, со цел нивна изолација.

Од почетокот на епидемијата досега, во Кавадарци заболеа 32 лица, во Росоман едно, Неготино 12, а во Демир Капија 10 лица.

Слични содржини