Докторка откри што точно се случува со организмот ако пиете два литра вода секој ден

од Stefanija Kuzmanovska

Човечкото тело се состои од 60 проценти вода, затоа е неопходно да се одржува здравјето со пиење најмалку два литра вода секој ден.

Д-р Даша Филдер за Femail изјавила дека повеќето возрасни треба да пијат од 2,5 до 3 литри вода на ден за да одржат оптимална хидратација. Посочува дека водата помага во хидрирање на бубрезите, го подобрува варењето и здравјето на цревата, ја подмладува кожата и го намалува заморот.

„Губиме многу вода пиејќи пијалоци со кофеин, како чаеви и кафе, како и навечер кога спиеме, па затоа е важно да го надоместиме тоа во текот на денот“, рече таа, наведувајќи што точно се случува со организмот ако пиете два литра вода секој ден.

Ги одржувате бубрезите здрави и исфрлате токсини

Д-р Филдер вели дека хидрирањето на бубрезите е првиот чекор кон другите придобивки што ги има пиењето вода.

„Функцијата на бубрезите е многу важна за метаболизмот и излачувањето на токсините. Бубрезите се исклучително чувствителни и помало количество вода во голема мера влијае на нивната функционалност“, тврди таа.

Ако штетните токсини не се испуштаат надвор, тоа може да доведе до замор, главоболки и недостаток на концентрација.

Ја подобрувате или одржувате вашата кожа здрава

Водата ја лечи кожата однатре.

„Кај жените, пиењето вода е особено важно затоа што може да ја подмлади кожата и да го намали појавувањето на брчки“, предупредува докторката.

Ја зголемувате силата и концентрацијата на мозокот

Наместо да посегнувате по кафе, пијте повеќе вода бидејќи тоа ќе го стимулира мозокот и ќе му овозможи да функционира подобро.

Бидејќи три четвртини од мозокот се составени од вода, пиењето доволно количество во текот на денот ќе ја зголеми концентрацијата, ќе го задржи фокусот и ќе ја намали веројатноста за појава на главоболка.

Д-р Филдер исто така вели дека задржувањето на хидратацијата во текот на денот може да ги подобри физичките перформанси за време на вежбањето.

Го подобрувате варењето и здравјето на цревата

Водата за пиење е исклучително важна за целокупното варење.

„Дури и ако јадете многу растителни влакна и зелен зеленчук, мора да пиете вода за да можат хранливите материи да поминат низ системот. Без вода, храната не може да се движи низ цревата, а тоа често доведува до запек“, објасни таа.

Доволно вода ќе осигури дека цревата работат правилно.

Слични содржини