Докторка открива необичен знак кој укажува на проблем во вашиот сексуален живот

од Stefanija Kuzmanovska

Д-р Кетрин Харлејн откри многу необичен знак дека вашиот сексуален живот е во неволја! Многумина го прават тоа, но таа предупредува, добро e само надвор од спалната соба.

Ако имате прекар за половиот орган, тоа не е многу добро.

Eкспертката за секс д-р Кетрин Харлејн верува дека оние кои имаат прекари за половите органи не се многу задоволни од нивниот сексуален живот.

Давањето прекари на полните органи, вели таа, имаат врска со детството.

„Тоа честопати доаѓа од чувството на срам. Исто така, има врска со социјалните и религиозните притисоци кои се вкоренети во многу генерации“, вели д-р Харлејн.

„Дури и некои прекари со кои сме научени да ги нарекуваме гениталии се дизајнирани да направат да се чувствуваме засрамени од нив. Ако вашите родители не разговарале со вас за секс на позитивен начин, тоа може да има долгорочно влијание врз вашиот став за сексуалноста и задоволството. Тие сигурно мислеле дека го прават најдоброто за вас но не сфатиле дека има негативно влијание“, објасни таа.

Додава дека комуникацијата е клучна за здрава врска, затоа „ако поцрвените при самото споменување на анатомски точни имиња на гениталиите, тогаш како ќе разговарате за подлабоки сексуални теми?“.

„Избегнувањето на овие разговори не е добра опција. За да имате здрава врска и да бидете задоволни со вашиот сексуален живот, мора да имате слобода да му кажете на партнерот како сакате да ве допира, како најдобро да постигнете кулминација и да прашате што сака. На тој начин, постои позитивен, безбеден дијалог за сексот помеѓу вас“.

Таа додава и дека за задоволување на сексуалниот живот, многу е важно да можете искрено и отворено да разговарате со вашиот партнер за сексот.

На крај, вели дека е прифатливо само за време на сексуалниот однос да се нарекуваат гениталиите според некој прекар.

„Во тие моменти, важно е да го правите она што најмногу ви се допаѓа и што ве возбудува, па ако е збор или фраза, тогаш тоа е добро. Само оставете ги тие прекари да останат во спалната соба“.

Слични содржини