Докторка за двете бебиња кои починаа од корона: Мислам дека се заразиле во стомакот

од Nikola Popovski

Во Клиничкиот болнички центар Осиек и Наставничкиот завод за јавно здравје, починаа две предвремено родени бебиња кои имале Ковид-19.

Неонатологот Мирна Сипл од Одделот за неонатологија при универзитетската болница во Осијек за хрватските медиуми изјавила дека бебињата биле родени од мајка со позитивен тест за коронавирус.

– Бидејќи тие беа позитивни на Ковид-19 веднаш по раѓањето, сметаме дека инфекцијата настана пренатално, пред да се породи – рече Сипл.

Таа изјавила дека предвремено родените деца имаат вообичаена симптоматологија поврзана со незрелост и многу мала маса, што е функционална незрелост на сите органски системи со доминантна незрелост на белите дробови.

Зборувајќи за тоа дали резултатот ќе бил различен ако бебињата немале коронавирус, докторката вели дека бебињата примарно се лекувале на одделот за неонатална интензивна нега поради нивната основна болест, а тоа е недоносеност и многу мала телесна тежина.

– Сепак, времето во кое се случи клиничкото влошување на децата и придружните лабораториски наоди што ги имавме во тоа време сугерираат дека неповолниот исход е исто така поврзан со интраутерина инфекција на коронавирусот.

Таа посочува дека од почетокот на епидемијата во Хрватска, на Одделот за неонатологија се забележани вкупно 25 новороденчиња родени од козимни позитивни мајки.

Објаснувајќи колку е чест преносот на вирусот од бремена жена на дете, докторката вели дека литературата опишува дека т.н. вертикално пренесување од мајка на бремено дете се јавува во околу 30 проценти од случаите, при што околу 12 проценти од случаите се случуваат трансплацентарно, односно пред раѓањето, а преостанатиот дел се јавува при породување, интерпартално.

Слични содржини