Докторката од Куманово, заразена со коронавирус: Многу е тешко да си пациент

од Vladimir Zorba

Докторкaта Гордана Николиќ од Куманово, која сподели на својот ФБ профил дека е позитивна на коронавирус, сподели зборови на благодарност до сите кои се грижат за нејзиното здравје.

„Лабораториските наоди ми се добри , бурек осмина изедов, малку ми е тешко од него, ама сега дупла доза кафе и дупла доза инает за да биде се во ред и понатаму! И се враќам на супа, овошје и зеленчуци, суплементи. П.С…..многу е тешко да си пациент, отсекогаш сум велела и сум имала емпатија кон пациентите. Добар збор и малку повеќе внимание на сите им треба…..Фала ви на сите што пишувате и се јавувате, пропуштам да одговорам на повици, не постигнувам, морам и да се одмарам. Инаку стронциум не ми провериле…“ – објави докторката.

Слични содржини