Докторот на Надал: Рафа ќе се врати, кога ќе се чувствува добро

од Vladimir Zorba

Докторот на Рафаел Надал – Анхел Руиз Которо ја прокоментира ситуацијата со клиентот пред шпанското издание „El Pais“. Во него откри детали за статусот на поранешниот број 1 во светот.

„Многу е тешко кога ќе заработиш повреда на крајот на првиот твој тренинг. Засегнат е мускул, а не тетива, што ќе ја усложнеше дополнително ситуацијата. Негативи во случајот е дека станува збор за истата зона, која веќе беше погодена (на АО 2018). Но, тоа не е нешто невообичаено. Рафа тренираше на нормален начин и сѐ се одвиваше добро. Треба да бидеме оптимисти, какви секогаш сме биле, но исто така и реалисти. Гледајќи што се случило да бидеме максимално внимателни“, изјави Которо.

„Рафа ќе се врати, кога ќе почне да се чувствува добро. Се надеваме дека ќе успее да се опорави целосно за сезоната на земја, тоа е целта. Сега тој има потреба од одмор, можеби 2 или 3 недели. Потоа ќе имаме повеќе јасност. Сѐ зависи од начинот на кој се опоравува мускулот. Ќе ја следиме ситуацијата со повредата многу внимателно, нема да го преоптоваруваме“, додаде докторот.

Потсетуваме дека Матадорот се повреди при загревање пред турнирот во Акапулко, кој заврши пред една недела. Потоа стана јасно дека ќе ги пропушти и двата „Мастерс“ турнири – Индијан Велс и Мајами.

Слични содржини