Документ од Основниот суд во Тетово го побива Милошоски дека не бил осудуван во Германија

од Берта Китинска

Новиот запис од  казнена евиденција од Основниот суд во Тетово  одновно го побива тврдењето на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој вели дека не е осудуван во Германија.

Документот до кој дојде „А1он“, а е издаден од Основниот суд во Тетово по барање на Државната изборна комисија на почетокот од претходната година, покажува дека тој бил двапати осудуван.

Ова е втор документ кој го демантира Милошоски, кој велеше дека не сторил кривични дела во Германија.

Слични содржини