Доларот благо ослабна во однос на еврото

од Vladimir Zorba

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна, но сепак се движи блиску до највисокото ниво во последните 20 години.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 105,20 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 105,29 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонскиот јен порасна од вчерашните 134,30 на 135,15 јени.

Но, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0430 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0415 долари.

Слични содржини