Доларот е на највисоко ниво во однос на еврото после 20 години

од Nikola Popovski

Доларот денеска се искачи на највисокото ниво во однос на еврото во последните 20 години.

Доларот зајакна по најавата на американската централна банка (ФЕД) за зголемување на референтната каматна стапка за 0,75 процентни поени.

Доларот достигна 0,9814 за евро за прв пат од крајот на октомври 2002 година, неколку месеци по официјалното воведување на единствената европска валута.

Слични содржини