Американскиот долар беше слаб поголемиот дел од времето за време на мандатот на претседателот Доналд Трамп. Намалувањето на даноците, повисоки дефицити и неколку намалувања на каматните стапки од страна на Федералните резерви ги турнаа „зелените пари“ надолу.

Но, дури и ако Трамп загуби од Џо Бајден на тековните избори, доларот може да се опорави драматично во скоро време. Администрацијата на Бајден веројатно би барала уште поголеми стимулации за потрошувачите и малите бизниси, поради пандемијата на Ковид-19, особено ако „синиот бран“ им овозможи на демократите контрола над Сенатот.

Ова трошење веројатно дополнително ќе го ослаби доларот или, во најмала рака, ќе го задржи релативно рамно. Бајден исто така би можел да инсистира на долго планирано зголемување на државните трошоци кога станува збор за инфраструктурата, како и кога станува збор за инвестирање во соларни, ветерни и други програми за зелена енергија.

Сепак, некои експерти за валути велат дека постои можност „здравствените премии“ да влијаат на зајакнувањето на доларот, доколку Бајден победи на изборите и ја обнови „понормалната“ трговска политика. Прво, Бајден веројатно ќе заземе помек став за тарифите со сојузниците како Европа, Мексико и Канада.

Тоа би било добро за доларот, велат тие. Администрацијата на Бајден исто така може да се обиде да употреби повеќе дипломатски мултилатерални мерки против Кина како главен метод за решавање на економски прашања надвор од трговијата, како што се кражба на интелектуална сопственост.

Но, реалноста е дека поголемите трошоци на американската влада веројатно ќе го задржат доларот на цедило – без оглед што ќе се случи со надворешната политика на Америка. Многу повеќе зависи од Централната банка и од тоа што се случува во неа, и кога станува збор за поставување луѓе на клучни позиции.

Индексот на американскиот долар, кој го следи доларот во однос на еврото, британската фунта, јапонскиот јен и неколку други главни глобални валути, падна за повеќе од 7% откако Трамп ја презеде функцијата во 2017 година.

Доларот нагло скокна оваа година, пред Ковид-19 нагло да ја погоди американската економија, но сега падна за околу 3% во 2020 година. Сепак, тоа не е најлошата работа на светот за инвеститорите, бидејќи „лизгањето“ на доларот придонесе кон континуираното засилување на големите технолошки компании и другите мултинационални компании.

Послабиот долар е корисен за компаниите како што се „Епл“, „Кока-кола“ и „Проктер енд Гембл“, бидејќи ги прави нивните производи и услуги подостапни за купување на странски пазари. Исто така, постои чиста сметководствена корист. Компаниите можат да пријават поголеми приходи од странски пазари, кога заработката од кварталот од меѓународната продажба ја претвораат во долари.

Така, ниту Бајден ниту Трамп немаат корист од водење економска политика што ќе доведе до значителен пораст на доларот. Но, вреди да се напомене дека доларот останува безбедно засолниште во време на превирања. И, конечно, додека целиот свет се уште се опоравува од пандемијата, американската економија забележа значителен раст во третиот квартал, по рекордниот пад во вториот квартал.

Слични содржини