Доларот повеќе не е водечка валута во светот, бидејќи еврото го надмина како платежна валута на меѓународниот пазар, за прв пат од февруари 2013 година, објави Блумберг. Американскиот долар остана на прво место кога станува збор за пласирање заеми и кредити.

Дури 37,82 проценти од меѓународните трансакции со пари се извршени во европска валута, објави Блумберг, повикувајќи се на податоците на Светската асоцијација на меѓубанкарски финансиски телекомуникации (SWIFT). Здружението вклучува 200 држави и 11.000 финансиски институции.

Еврото е проследено со американскиот долар, британската фунта, јапонскиот јен и канадскиот долар, што го истурка кинескиот јуан од петтата позиција.

Користењето на доларот се намали за 4,6 проценти од декември минатата година до октомври годинава, па сега тој претставува 37,64 проценти од уделот. Во исто време, еврото порасна за шест проценти.

Американскиот долар остана на прво место кога станува збор за пласирање заеми и кредити.

Експертите сметаат дека економската криза се должи на корона-пандемијата, претседателските избори во Америка и трговската војна со Кина како причини за овој пад на доларот на списокот на најважни валути.

Од својот врв во март, доларот во меѓувреме ослабна за 11 проценти, а експертите велат дека е проследен со натамошно опаѓање.

Слични содржини