Долгогодишната девојка на Тајгер Вудс поднесе две тужби против него

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешната девојка на најпознатиот играч на голф, Тајгер Вудс, Ерика Херман, поднесе две одделни тужби против него пред судот на Флорида, откако ја прекинаа шестгодишната врска.

Во првата тужба, поднесена во октомври 2022 година, се тврди дека фондот во сопственост на Вудс го прекршил Законот за станбен закуп на Флорида со прекршување на усниот договор за закуп. Во поднесувањето се наведува дека вистинската штета „најверојатно ќе биде измерена на над 30 милиони долари“.

Фондот побарал таа тужба да биде отфрлена со образложение дека спорот настанал по раскинувањето на Вудс и Херман, кога тој ѝ рекол дека „повеќе не е добредојдена во куќата на Вудс“, пишува Си-Ен-Ен.

Во тужбата на Херман се наведува дека Фондот на Вудс незаконски го раскинал закупот на Херман на имотот во Хоб Саунд, Флорида.

„Обвинетиот (Вудс) избрал да се занимава во ‘забранети работи’ предизвикувајќи … тешка емоционална штета на тужителот. Забранетите работи се направени намерно, со предумисла и со злоба“, се наведува во тужбата.

Поточно, во тужбата се наведува дека „агентите на обвинетиот“ ѝ кажале на Херман да „спакува куфер за краток одмор“, и дека агентите на Вудс и Фондот оттогаш ги отстраниле работите на Херман од имотот и присвоиле над 40.000 долари од нејзините пари.

Во втората тужба поднесена во понеделникот, Херман се обиде да биде отстранета од договорот за необјавување што го потпишала во 2017 година, повикувајќи се на закон што дозволува договорот да се поништи во случаи на сексуален напад.

Сепак, Херман не изнела никакви обвиненија против Вудс за такви дела.

Слични содржини