Доли Партон: Никогаш не облекувам иста облека два пати

од Vladimir Zorba

Само може да претпоставиме колку голем е гардероберот на 72-годишната Доли Партон и какви модни богатства има во него, по нејзината изјава, дека никогаш не облекува иста облека два пати.

„Оваа блуза со која сум во моментов, откако интервјуто ќе заврши, ќе биде собрана и заклучена во гардеробер, за никогаш повеќе да не ја видам. Не носам облека по двапати. Без разлика, дали сум со нив само неколку часа или подолго. Без разлика по кој повод сум ги облекла и кој ме гледал во нив“, вели кантри пејачката.

При тоа, речиси сите нејзини алишта се шиени по нарачка, поради нискиот нејзин раст и обемот на гради.

Таа сепак не откри каде точно се наоѓа овој огромен гардеробер, кој ќе ги собере фустаните кои ги носела во последните педесетина години. Јавно се расфрлани низ осумте нејзини куќи во САД.

Да не заборавиме дека Доли Партон има стекнато богатство од стотици милиони долари, па може да си дозволи по една нова облека секој ден.

Слични содржини