Доли Партон се присети на детството: „Прв пат видов купатило кога имав 8 години, се плашев“

од Stefanija Kuzmanovska

Иако стекна светска слава, кантри ѕвездата Доли Партон никогаш не ги заборави своите скромни почетоци, а во едно интервју откри дека првпат видела купатило на 8-годишна возраст.

Во интервју за магазинот „Плејбој“, со новинарот Лоренс Гробел во март 1978 година, таа изјавила дека имала осум години кога за прв пат во животот ги видела тоалетот и бањата во куќата на нејзината тетка и дека била фасцинирана. Смеејќи се на тоа колку биле невини и неуки тогаш, Партон рече дека таа и нејзините браќа и сестри се плашеле да го користат тоалетот, мислејќи дека ќе бидат „вшмукани“.

Секојдневното капење било луксуз за Партон и нејзиното семејство. Честопати сами правле сапун, а повремено сите се натрупувале во камион и се движеле до реката за да се измијат во нејзините води. Имало поток во близина на местото каде што живееле, но реката била нивното омилено место за пливање бидејќи на сите им била како „голема бања“.

Во текот на зимата целото семејство имало по едно корито со вода и се капеле еднаш неделно. Но, како што Партон стигнала до средно училиште, капењето ѝ станало многу поважно и морала да наоѓа начин да го прави тоа секој ден поради нехигиенското однесување на нејзините помлади браќа и сестри пред спиење.

Слични содржини