Долната облека немојте да ја перете на 30 или 40 степени – тоа е опасно!

Доколку долната облека ја перете на температура пониска од 60 степени, тоа би можело да биде опасно за вашето здравје.

Опасните бактерии, како Ешерихија коли, лесно се пренесуваат преку облеката доколку ја переме на пониски температури. Можно е бактериите да се задржат на долната облека и по перењето од 60 или 90 степени.

Иако бактеријата е нормално присутна во цревата на човекот и бројните животни, одредени видови од неа можат да предизвикаат инфекции на цревата или мочниот меур, па и да доведат до тешки облици на болеста со можен смртен исход.

За многумина перењето на 30 степени е примамливо затоа што е временски пократко и штедливо, но треба да знаете деа бактериите во човечкиот организам живеат на телесна температура од 37 степени, што значи дека ќе ги убиете само со температура повисока од тоа.

Исто така, многумина веруваат дека постелнината доволно е да се испере еднашка месечна, иако се советува перниците да се перат секој петти ден, а остатокот по 10 дена на температури повисоки од 60 степени.

Исто така, експертите препорачуваат еднаш месечно празната машина да ја исперете на 90 степени со цел да ги отстраните собраните бактерии.

Слични содржини