ДОМ на конференција на Балканските Зелени

од Vladimir Zorba

Делегација од зелената партија ДОМ, во состав: Маја Морачанин, Христина Оџаклиеска и Ервин Реџепагиќ учествуваше на Втората балканска регионална конференција, која се одржа на 11 и 12 февруари, во Белград.

Поздравно обраќање пред присутните зелени активисти од регионот имаа ко-претседателот на Европската зелена партија Томас Вајц и Биљана Ѓорѓевиќ од “Не давимо Београд”.

Лидерката на ДОМ, Маја Морачанин се обрати на првата панел дебата на тема “Надвор од Зелената кутија-стратегии денес, за утрешните промени”. Таа го сподели искуството на ДОМ од учеството во изборни процеси и ја истакна важноста на соработката со граѓанските здруженија, како и со Европската зелена партија и сестринските зелени партии.

Во панел дискусиите и работилниците кои се одржаа со комбинирано онлајн и физичко присуство, учествуваа и претставници од зелените од Србија, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Германија, Холандија, Шпанија, Шведска, Унгарија и Полска.

Слични содржини