ДОМ: Претседателката Морачанин ја има целосната поддршка од членството и партиските тела

Зелената партија ДОМ со разочарување ги проследи информациите кои се објавуваат од про опозициските портали на социјалните мрежи. ДОМ е демократска партија во која се почитува секое размислување и став на секој што на било кој начин ги дели заложбите на ДОМ безразлика дали е член или не. Демократијата е и во името на партијата, вредност која е на пиадесталот на нашето делување.

За жал по најавите и активните подготовки за самостоен настап на локалните избори, активните борби за заштита на животната средина и човековите права и јавните настапи на претседателката Морачанин за важни зелени теми, поединци од разни сопствени интереси користејќи невистини се обидуваат да и наштетат на агендата на Зелената партија ДОМ.

Претседателката Морачанин на седницата на Централниот одбор на ДОМ транспарентно поднесе извештај за своето работење во досегашниот 2 годишен мандат при што од Централниот одбор побара гласање на доверба и потврда на активностите и застапување на зелената идеологија и зелената партија ДОМ. Централниот одбор на ДОМ со мнозинство гласови изгласа доверба на претседателката Морачанин.

Оркестриранот напад врз зелените политики на ДОМ и претседателката Морачанин се и напад врз коалицијата и парламентарното мнозинство. Демократијата, заштита на животната средина, борбата против дискриминација и почитувањето на човековите права и слободи не се во прилог на некои поединци и групи, нешто што е видено и во минатото. Зелената партија ДОМ ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните, борбата за зелените вредности нема компромис!

Слични содржини