Домаќинставата кои ќе трошат повеќе, ќе плаќаат поскапа струја

од Берта Китинска

Ќе се воведат четири или три блок-тарифи и нема да важат за евтината струја.За евтината струја нема да има блок тарифи односно таа ќе остане иста, а блок тарифите ќе бидат за скапата струја. Немаме проблем со граѓаните кои многу трошат, но ќе платат за тоа повеќе. Со оваа измена ќе придонесеме да се намали потрошувачката на струја, најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, на денешната прес-конференција Марко Бислимоски.

Новиот тарифник се очекува да стартува во јули заедно и со но виот ценовник на струја, за кој компаниите веќе доставуваат пресметки.

-За евтина тарифа потрошувачката ќе биде неограничена и нема да постојат блокови, а за највисокиот блок цената за домаќинствата ќе биде многу блиску до пазарната. Искуствата во регионот ни покажуваат дека ние ќе бидеме прва таква земја која што ќе примени блокови само за скапа тарифа, бидејќи сметаме дека евтината тарифа треба да остане без никакви ограничувања и домаќинствата да ја користат, бидејќи тоа му одговара и на нашиот електроенергетски систем имајќи во предвид дека во одредени периоди од годината во ноќните часови заради термо производството на регулираниот пазар имаме и вишоци на електрична енергија, рече Бислимоски.

Слични содржини