Домаќинствата кои имаат помали приходи ќе добиваат поголеми субвенции за струја

од Берта Китинска

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски најави дека цената на електрична енергија ќе биде иста за сите домаќинства, но тие кои имаат помали приходи ќе добиваат поголема субевенции.

– Тие кои имаат помали приходи ќе добиваат поголема субевенција од државата. Како се зголемуваат тие приходи до одредено ниво, оваа субвенција ќе се намалува, а тие домаќинства кои немаат проблем во плаќањето на електричната енергија нема да добиваат субвенција од државата. Статистика ќе ја земаме предвид потрошувачката кошничка. Тие домаќинства кои се во рамките на минималната потрошувачка кочничка и помалце од тоа им се вкупните месечни приходи, ќе добиваат најголема субвенција, вели Бислимовски во „Студио 10“.

Слични содржини