Домашен гел за туширање со кокосово масло и мед

од Vladimir Zorba

Кожата треба да се негува со природни состојки, за да е здрава. Кокосовото масло, медот и етеричните масла се многу погодни. Тие имаат својство не само да ја негуваат, но и да придонесат во квалитетното миење и хидрирање на кожата.
Со помош на овие производи можете да си направите домашен гел за туширање, со кој ќе ги разнежните вашата кожата и сетила.

Кокосово масло
Кокосовото масло е вистински мелем за кожата. Тоа ги отпушува порите на кожата, помага за хидрирање во длабочина и истовремено нејзино потхранување со корисни материи и антиоксиданси.

Мед
Медот има волшебни лековити својства. Тој ги смирува инфекциите, го инхибира растот на бактерии на кожата благодарение на антибактериските својства.

Течен кастилски сапун
Кастилскиот сапун има неверојатни бенефиции за кожата, особено за сувата. Одличен е затоа што потхранува и навлажнува, како и ги отстранува иритациите и чувството на сувост и пукање.

Етерични масла
Етеричните масла даваат неверојатен мирис на домашно подготвениот гел за туширање, но и не само тоа. Тие ја полнат кожата со корисни материи, добиени од соодветните природни производи, од кои е направено етеричното масло.

Состојки на домашниот гел за туширање:
¼ чаша кокосово масло
¼ чаша мед
½ чаша течен кастилски сапун
1 лажичка витамин Е (од ампула)
15 капки еукалиптус масло
10 капки масло од лимон или грејпфрут
10 капки масло од портокал
Се топи кокосовото масло на водена бања или во микробранова. Промешајте и додадете ги на него медот, етеричните масла и витаминот Е. Повторно добро промешајте додека состојките се спојат. Конечно додадете кастилски сапун. Промешајте многу внимателно за да избегнете создавање на пена.
Поместете ја готовата смеса во соодветно шише. Протресувајте пред секоја употреба.

Слични содржини