Домашна и ефикасна: Маска за лице против брчки од три состојки

од desk4

Природата ни дава многу ефикасни производи кои можеме да ги применуваме во дневните ритуали за убавина и подмладување.

Ако сте поборник на природна и домашна козметика, ви препорачуваме да се обидете да ја направите оваа домашна маска за лице, која за кратко време ќе ги направи брчките на лицето помалку видливи. Главна состојка е оризот, заедно со оризовата вода во која се варел.

Богат е со супстанци кои делуваат како антиоксиданси, кои пак, ја подмладуваат кожата и ги прават брчките скоро невидливи. Сите состојки за оваа маска веќе ги имате во вашата кујна.

Потребни ви се:

3 лажици варен ориз
Една лажица млеко
Една лажичка мед (доколку имате алергија, изоставете го)

Подготовка:

Сварете го оризот, а водата во која се варел не ја фрлајте. Измешајте ги состојките, за да добиете густа маска, па нанесете ја на исчистено лице. Оставете да делува 10 минути, па исплакнете. Истонирајте го лицето со водата во која оризот се варел.

Слични содржини