Домашна природна маска за масна коса

од Elena Daskalova

Масната коса бара различен третман споредено со другите типови коса, дури и кога се работи за нега со природни препарати.

Мастењето на косата е сосема природен процес, а маслата кои се лачат од темето спречуваат косата да заслабне и да стане кршлива. Но, кога премногу се масти, настанува естетски проблем.

За да го спречите прекумерното мастење на косата, подгответе домашна маска од сок од два лимона, една жолчка и една лажичка арганово масло. Измешајте ги состојките и измасирајте ја кожата на главата.

По 20 минути измијте со млака вода и шампон. Користете ја маската најмногу трипати месечно, за да спречите сушење на кожата на косата.

Слични содржини