Домашни лепчиња

од Vladimir Zorba

Меко пециво во кое ќе уживате.

Состојки:

– 600 гр брашно

– 200 мл јогурт

– 1 кесичка сув квасец

– 1 лажица шеќер, 1 лажичка сол

– 80 мл масло

– 1 јајце

– 1 жолчка од јајце

– 200 мл топло млеко

– 50 гр путер за премачкување

Подготовка:

Во сад измешајте ги брашното и квасецот, па додајте ги шеќерот, маслото, солта, јајцето, јогуртот, жолчките и млекото.

Замесете мазно тесто, покријте го со крпа и оставете го на топло место да нарасне.

Нараснатото тесто замесете го, па развлечете го на набрашнета површина. По потреба додадете брашно, но оставете го тестото да остане меко.

Исечете го тестото на помали квадрати.

Подготвените ставете ги во сад за печење обложен со хартија за печење.

Ставете ги една до друга, внимавајќи преклопената страна да е надолу.

Оставете ги на топло место да нараснат уште малку, околу 30 минути. Од оваа количина тесто ќе добиете околу 15 лепчиња.

Лепчињата премачкајте ги со растопен путер, па ставете ги во рерна загреана на 200 степени и печете ги околу 30 минути.

На здравје!

Слични содржини