Доменек: Би сакал да го доведам Марадона во Нант, но тој почина

од Stefanija Kuzmanovska

Тренерот на Нант, Рејмонд Доменек сликовито ја опиша ситуацијата во клубот во врска со зимскиот преоден рок.

Поранешниот селектор на Франција го презеде тимот на Нант на крајот на декември, кој ќе го води до крајот на сезоната.

Доменек не работeл во клупски фудбал од 1993 година, кога го напушти Лион, а е без ангажман од 2010 година, кога ја напушти репрезентацијата на Франција.

Искусниот стручњак дебитираше на клупата на популарните „канаринци“ со ремито против Рен, а во свој стил коментираше кои играчи може да ги ангажира Нант за време на јануарскиот преоден рок.

„Би сакал да го доведам Марадона во Нант, но тој почина. Тоа е што е. Моите опции се крајно ограничени кога станува збор за преодниот рок“, рече Доменек.

 

 

Слични содржини