ДОНАЛД И МЕЛАНИЈА ТРАМП ЈА НАПУШТИЈА БЕЛАТА КУЌА: „Ова е збогум, но се надевам дека не е збогум засекогаш“

од Stefanija Kuzmanovska

Придружуван од првата дама, Доналд Трамп за последен пат ја напушти Белата куќа за време на неговото претседателствување.

„Го сакам американскиот народ. Ова е збогум, но се надевам дека не е збогум засекогаш“, им рече кратко Трамп на новинарите.

Тој ја напушти Белата куќа со сопругата Меланија. Хеликоптер долета по него и Меланија Трамп и ги однесе на Флорида.

Трамп отслужи четири години  како претседател на САД и како што најави, нема да присуствува на инаугурацијата на наследникот Џо Бајден. Пред да ја напушти Белата куќа, тој потпиша серија уредби за давање помилување на голем број осуденици, вклучувајќи го и неговиот поранешен менаџер на кампањата Стив Бенон.

Претходно Белата куќа објави проштална видео порака од претседателот на САД во заминување.

Слични содржини