Доналд Трамп ги загуби изборите, а можеби и сопругата?

од Берта Китинска

Според инмофрамциите на странските медиуми Меланија Трамп „одбројува минути“ и планира да го напушти сопругот Доналд Трамп по истекот на неговиот претседателски мандат.

Како што повеќе пати пишуваа американските медиуми, Меланија Трамп не е задоволна од бракот со американскиот претседател. Таа наводно плачела кога пристигнала веста дека Доналд Трамп победи на изборите во 2016 година.

„Никогаш не мислеше дека ќе победи“, рече една од нејзините пријатели. Чекаше пет месеци да се пресели од Њујорк во Вашингтон, наводно затоа што нивниот син Барон „требаше да го заврши училиштето“

Сепак, нејзиниот поранешен соработник Стефани Волкоф тврди дека Меланија успеала да го смени договорот за брак во тој период, според кој нивниот син ќе добие еднаков удел во богатството на Трамп.

Таа исто така тврди дека претседателската двојка спиела во одделни простории и дека станува збор за договор за корист.

Сега, поранешниот соработник на Белата куќа, Омароса Маниголт  за британски „Дејли меил“ изјави дека 15-годишниот брак е завршен и дека „Меланија ја одбројува секоја минута од нејзиниот мандат за да може да се разведе“.

„Ако се обидуваше да го остави додека тој беше уште претседател, тој ќе најдеше начин да ја казни“, изјави Омароса за британски весник.

И покрај обвинувањата и шпекулациите во медиумите, првата дама на САД вели дека има одлична врска со нејзиниот сопруг. Тој, пак, тврди дека тие никогаш не се караат.

Предбрачниот договор на Доналд Трамп со неговата втора сопруга Марла Мејплс ја спречува да објавува книги или да дава интервјуа во кои на крајот би го критикувала.

Адвокатот Кристина Превит објаснува дека е многу веројатно дека Меланија се согласила на слични услови.

Слични содржини