Дончев: И приватните клиники ќе можат да прават тестови на молекуларно ниво кои го утврдуваат присуството на коронавирусот

од Берта Китинска

Директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев, смета дека  тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека Владата прави профит од тестовите за коронаврусот  се  „чист политички опортунизам и глупост од луѓе што не го разбираат системот како Фондот ги наплаќа услугите“.

Во интервјуто за „Утрински брифинг“, Дончев рече дека цената што ја посочи ВМРО-ДПМНЕ не е воопшто набавната цена на тестот туку во неа влегуваат и други материјали и работната рака. Таа цена, според Дончев, е поставена во 2013 година, што значи е наследена.

Тој најави дека за два дена и приватните клиники ќе можат да прават тестови на молекуларно ниво кои го утврдуваат присуството на корона вирусот и кои ги признава Институтот за јавно здравје, бидејќи се пософистицирани, при што се очекува дневно да се прават по 600 такви тестови.

Цената која Фондот ќе ја плаќа на приватните клиники за оваа вакцина ќе биде 3.600 денари.

Слични содржини