Дончиќ флертува со судијка: Се заљубив во тебе (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Иако одлично се снаоѓа во НБА лигата и ги воодушевува сите со своите игри, овој пат Лука Дончиќ се најде во центарот на вниманието поради еден лукав потег.

Во еден момент, иако тоа ретко го прави, Дончиќ реши да и пријде на судијката и да ја праша зошто не свирнала фаул на натпреварот против Лос Анџелес Клиперс, кој Маверикс го добија со 105: 89.

Се чини дека и тој малку ја шармираше, бидејќи нејзината реакција кажуваше сè. Дамата целосно падна на балканскиот шарм на Лука.

Лука и пријде на дамата која го судеше натпреварот и ја праша „дали беше фаул“.

„Каков фаул“, го праша таа.

Следуваше духовит одговор од Словенецот, кој всушност претставуваше игра со зборови на англиски јазик.

„Се заљубив во тебе“, рече бекот, по што судијката се насмеа.

Дончиќ покажа дека не само што е извонреден играч откако постигна 42 поени, со девет скока и шест асистенции, туку и дека е исклучително харизматичен и забавен.

Слични содржини