Дончиќ лут по поразот: Ни се случи ФИБА

од Vladimir Zorba

Кошаркарите на Франција ќе играат во финалето на Олимписките игри во Токио, откако денеска во драматичното полуфинале ја победија Словенија со 90:89.

На крајот од натпреварот, Словенците имаа удар за победа, но додавањето на Клемен Препелиќ беше блокирано од Николас Батум и тоа ги одведе Французите против САД во борбата за златото.

Најефикасен во победничкиот тим беше Нандо де Коло со 25 поени, а го следеше Еван Фурние со 23 поени.

Кај Словенците се истакна Мајк Тоби со 23 поени, додека Лука Дончиќ оствари „трипл-дабл“ од 16 поени, 18 асистенции и 10 скока.

Сепак, на сите им беше чудно зошто Дончиќ не презеде одговорност во клучните моменти, но очигледно е дека немаше сили по голема борба со француската одбрана.

Во текот на целиот натпревар, Дончиќ комуницираше со судиите, побара подобар третман за агресивната одбрана на Французите над него, и беше бесен кога Николас Батум го блокираше Кремен Препелиќ.

– ФИБА веројатно е среќна – додаде Дончиќ, а на прашањето што се случи, тој одговори:

– ФИБА се случи – викна Словенецот.

Слични содржини