Дончиќ се изнервира и влезе во конфликт со противнички играч (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Екипата на Далас славеше над ЛА Клиперс со 108-87, а Лука Дончиќ беше најефикасен во редовите на Маверикси, но мораше предвреме да го напушти теренот откако влезе во клинч со дебитантот во противничкиот состав Теренс Мен.

Во една акција на Далас, судиите досудија дека Дончиќ направил чекори, а Мен ја удри топката која уште беше во рацете на Словенецот. Меѓу двајцата настана вербална расправија, а потоа имаше и туркање, а играчите спречија поголем инцидент.

 

Слични содржини