Донел 50.000 долари во клуб и ги делел на присутните

Американците овој викенд ја следеа финалниот натпревар на NFL, која го носи популарниот назив Супербол. И додека многумина го славеа спектаклот, раперот Пост Млон одлучил да прослави во еден од клубовите во Мајами.

Тој настапувал во клубот 11Miami, кој е отворен 24 часа дневно. Поради дождот тој малку задоцнил, па се извинил на присутните кои дошле на неговата забава покрај невремето и лошите песни, како сам ги нарече.

Раперот, сепак, не дојде на настапот со празни раце, па подготви кутија полна банкноти во износ од 50.000 долари. Па започнал по ред на сите присутни да им дели пари, тврдејќи дека тоа е негов обичај за време на влегувањето, пишува Unilad.

Тој ја искористи приликата и јавно изразил сочувство до семејството на неодамна загинатиот кошаркар Коби Брајант и неговата ќерка Џина.

Слични содржини