Доњецк: Едно лице загина, а две се ранети во украински напад

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку едно лице загина, а две се ранети при украинското гранатирање на складиштето за нафта во Макејевка, соопшти денеска штабот на територијалната одбрана на самопрогласената Народна Република Доњецк.

„Според прелиминарните извештаи, едно лице загина, а две се повредени во напад на магацини за нафта“, се додава во соопштението, пренесе ТАСС.

Од штабот соопштија дека по нападот дошло до пожар во кој пожарот зафатил четири складишта за нафта, со капацитет од 5.000 тони.

Слични содржини