Донев: Нема да го прекинеме дијалогот со Северна Македонија, во кој Бугарија покажа и докажа дека е целосно позитивна

од Radmila Tasevska

Бугарскиот премиер Галаб Донев на брифинг со новинарите за случувањата на бугарско-македонската граница на 4 февруари и зголемената тензија меѓу двете земји во последните недели, изјави дека Бугарија никогаш не била закана за националната безбедност на Република Северна Македонија.

Тој, како што пренесуваат бугарските медиуми, потсетил на реакцијата на бугарската држава во 1990-тите кога се распадна Југословенската федерација, а Бугарија прва ја признала Северна Македонија, и прва и обезбедила воена опрема.

Донев нема информации дека некои граѓани на Бугарија се закана за безбедноста на Северна Македонија. Вели дека е „разочаран од реакциите на македонските власти и неусогласеноста меѓу зборовите и делата, кои не соодветствуваат со барањата на Република Северна Македонија за членство во ЕУ“, но смета дека треба да продолжи дијалогот меѓу Софија и Скопје.

– Нема да го прекинеме дијалогот со Република Северна Македонија, во кој Бугарија покажа и докажа дека е целосно позитивна. Но, мора да постои взаемен однос, истакнал Донев.

На прашањето дали сето она што се случи го смета за провокација, Галаб Донев одговорил: „Да кажеме вака – грешки и слабости при растењето“.

Слични содржини