Дортмунд ја одби првата официјална понуда од 70 000 000 евра за Санчо

од Stefanija Kuzmanovska

Ако мислевте дека ова лето ќе помине без трансфер сага со Џејден Санчо – не сте во право! Не само што ќе има сапуници, туку и ќе гледаме повеќе делови.

Германски „Билд“ излезе со информација што подоцна ја потврди и познатиот италијански инсајдер Фабрицио Романо дека агентите на Манчестер Јунајтед и Санчо постигнале усмен договор за лични услови за соработка и бил подготвен договор до јуни 2026 година. Неговата плата ќе биде околу 15.000.000 евра, што би го направило еден од најплатените играчи во Премиер лигата. Тоа е двојно повеќе од она што го заработува во Дортмунд во моментов – 7.700.000 евра.

Романо тврди дека Санчо никогаш не правел проблем за трансфер на Театарот на соништата, што значи дека сега е потребно само клубовите да се согласата за обештетувањето. Што воопшто нема да биде лесно, исто како и минатото лето кога превирањата траеја со недели.

Имено, Дортмунд веќе ја одби првата официјална понуда од Манчестер за 70.000.000 евра, бидејќи бара далеку повеќе пари! Иако цената што ја бараа во Вестфален „падна“ на 95.000.000 евра, освојувачот на домашниот куп бара и бонуси во износ од близу 30.000.000 евра, што треба да ја заокружи целата зделка на околу 130.000.000 европски банкноти. Да потсетиме, пред една година, Дортмунд не ја спушташе границата под 150.000.000 евра.

„Билд“ исто така тврди дека тие се свесни за преговарачката позиција на Санчо во Дортмунд и дека тој веќе ги договорил личните услови за соработка, иако во Вестфален веруваат дека можат да извлечат уште повеќе пари. Се чини нереално, но германскиот весник споменува дека и Челси е во игра за потписот на Санчо, бидејќи Томас Тухел е голем обожавател на англискиот репрезентативец.

Санчо има долгогодишно пријателство со ѕвездата на Јунајтед – Маркус Рашфорд, за кого се верува дека е негов најдобар пријател уште од детството.

Во последно време се слушаат гласни шпекулации за трансфер на Санчо на Театарот на соништата, особено откако Пол Погба пушти моабет за време на заедничкото снимање на реклама за познатата марка Пепси, дека зделката навистина да се случи.

Сега започнува славното лудило додека конечно не се случи трансферот или повторно не успее …

Слични содржини