ДОСАДНИ СЕ И ПРЕТЕРАНО НАПОРНИ: Овој хороскопски знак сите го избегнуваат

од Stefanija Kuzmanovska

Девицата е најдосадниот хороскопски знак, тврдат астролозите.

Секако, сите хороскопски знаци имаат свои квалитети и маани, но Девицата е најнапорниот знак во Зодијакот. Тие се злопамтила и многу ситничарат. Прилично се склони да создадат проблем ако не е сè баш како што замислиле.

Во случај да се обидете да „олесните“ сериозна ситуација со некои шеги, Девиците нема да гледаат на тоа многу поволно. Тие сакаат ред, работа и дисциплина, затоа немојте да се изненадите ако ви досаѓаат на забава со приказна за деловен проект.

Тие секогаш се сеќаваат на она што им било ветено па не се изненадувајте ако сретнете Девица на која сте ѝ ветиле нешто пред една година или повеќе, а таа без двоумење ве потсети дури и среде најопуштен разговор.

За Девиците, забавата може да започне само кога сè друго ќе се направи без маани и грешки, а тоа е … па, скоро никогаш.

Слични содржини