Досега 150 здравствени работници доброволно се пријавиле да заминат во Турција

од Nikola Popovski

Министерот за здравство Беким Сали утрово информираше дека до синоќа 150 здравствени работници доброволно се пријавиле и сакаат да заминат во Турција и да помогнат во погодените подрачја од земјотресот.

-Се надевам дека денеска до 12 часот ќе го имаме прелиминарниот список на доброволци и ќе го понудиме на Центарот за управување со кризи (ЦУК) кој што понатаму во комуникација со турските власти преку НАТО комуникација ќе ги известат за расположливите средства, односно човечките и материјалните капацитети кои што ние ги имаме. Воено да известам дека ги ставивме во понуда и двете комбиња кои се специјализирани за интензивна нега кои ги добивме како донација за Педијатриската клиника. Тие две комбиња кои се специјализирани и комплетирани со два тима, доктор, возач и медицинска сестра, се спремни да заминат до погодените места, рече денеска Сали.

Слични содржини