Досега дистрибуирани над 90% од учебниците, информираат од МОН

од Nikola Popovski

Министерството за образование и наука информира дека дистрибуцијата на учебниците за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование се одвива согласно однапред утврдената динамика.

Во тек е испораката на учебници согласно последниот од вкупно 4 потпишани договори за учебници за прво, второ, четврто и петто одделение и таа ќе се заокружи во следните денови. Над 90% од учебниците се испорачани, односно околу 235 илјади учебници се веќе предадени на учениците од овие одделенија.

До крајот на првото полугодие ќе бидат дистрибуирани сите учебници.

Слични содржини