Досега непознат сој на корона е откриен во Јапонија

од Nikola Popovski

Човек кој пристигнал во Јапонија од Филипините во февруари бил заразен со нов вид на вирусот, објави Министерството за здравство на Јапонија, наведувајќи дека ова е прв случај од ваков вид, пренесе агенцијата Кјодо.

Досега непознатиот вид на коронавирус се разликува од соевите откриени во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил, но се верува дека ја претставува истата закана како и трите многу заразни соеви, додаваат од јапонската новинска агенција.

Според Министерството за здравство, човекот има над 60 години и дошол преку аеродромот Нарита во близина на Токио на 25 февруари, а станува збор за асимптоматски случај.

Тој бил позитивен на тестот кога го поминал карантинот на аеродромот.

Националниот институт за инфективни болести повика на посилна гранична контрола како дел од напорите да се запре ширењето на коронавирусот, јави Танјуг.

Слични содржини