Досега непознат вид на коронавирус е откриен во Израел

од Milan1

Министерството за здравство на Израел денеска соопшти дека во таа земја се откриени два случаи на инфекција со нов засега непознат вид на коронавирус.

Новиот вид, комбинација од доминантниот подсој BA.1 и другиот подсој BA.2, предизвикува благи симптоми, вклучувајќи ниска температура, болки во мускулите и главоболки и не бара посебен третман, објавија израелските медиуми, пренесува Бета.

Според Министерството, тој вид се уште не е познат во светот, а бил откриен со ПР тестирање на патници на меѓународниот аеродром Бен Гурион во близина на Тел Авив.

Посојот BA.2 предизвикало повторна инфекција кај некои луѓе кои првично биле инфицирани со сојот омикрон.

Иако бројот на нови случаи на инфекција во Израел е намален, секој што пристигнува на аеродромот е на тестирање.

Во средината на февруари во еден ден имало повеќе од 30.000 новозаразени, а во вторникот биле регистрирани 6.310.

Генералниот директор на израелското Министерство за здравство Нахман Аш денеска изјави дека новиот сој може да потекнува од таа земја.

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, во Израел починале 10.401 пациент.

Слични содржини