Досега ревакцинирани се над 720.000 граѓани

од Nikola Popovski

Согласно последните податоци, на вакциналните пунктови во државата и на терен вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани, а ревакцинирани 721.156.

Трета доза вакцина досега примиле 69 граѓани.

Во моментов во Охрид и Кавадарци има најмногу вакцинирани.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 3.512 тестирања, а регистрирани се 467 нови случаи на КОВИД-19 и регистрирани сe 496 оздравени пациенти.

 

 

 

Слични содржини