Досега вакцинацијата тече според планот, новинарите и медиумските работници стартуваа денес

Откако финишираше вакцинирањето со првата доза за приротитетните групи, како постарите лица и оние кои имаат голем ризик од зараза, денес стартуваше вакцинацијата и за дел од медиумските работници. Како што соопшти порано денес, министерот за здравство, Венко Филипче, вакцинирани се досега околу 600 новинари кои се на возраст над 40 години.

„Сите медиумски работници се во непосредна близина со вирусот постоајно, и работат со луѓе, па оттаму овој чин на вакцинација ќе биде заштита како за самите нив, така и за лицата кои се во нивна околина“, истака накратко претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.

За потсетување, вакцинацијата која започна со ризичните и приоритетни граѓани ќе заврши утре, а дел од неа освен здравствени работници, беа и вработени во МВР, Армијата, како и образовниот кадар во училиштата и градинките.

Според планот како што вели Филипче, останатите 20.000 спутникови вакцини ќе бидат ставени на лица кои доаѓаат на ред со приоритетите за вакцинација. Оттаму, тој апелираше сите заинтересирани да се регрутираат во апликацијата vakcinacija.mk или преку системот „Мој термин“.

 

 

 

 

 

Слични содржини