Дошол од Словенија да ја посети болната мајка, Лазар е момчето од Охрид кое почина од ковид 19

од Берта Китинска

Лазар Секулоски e младиот охриѓанец кој вчера се вброи во 35-те наши сограѓани кои ја загубиле битката со коронавирусот.

Секулоски живее во Љубљана и во Охрид дошол за да ја посети својата тешко болна мајка. Во Охрид Секулоски се заразил со ковид-19, а имајќи предвид дека бил со кревко здравје.

На Фејсбук веќе се шири апел да му се помогне на семејството на Секулоски, кое е во тешка финансиска состојба за достојно да го испрати својот син во вечното живеалиште.

-Драги браќа и сестри, со голема тага и неверување, не наоѓам зборови како да ви ја соопштам оваа жална вест, а сакам да ве известам дека од овој свет се пресели нашето чедо, наш брат во Христа Лазар Секулоски (1993 – 2021) oд Охрид, живееше во Љубљана. Знаејќи во каква состојба се неговите најблиски, заеднички да покажеме хрситијанско милосрдие и барем материјално да им ја олесниме маката. Лице за контакт Христијан Пантекоски 069 699 556, пишува во апелот отец Митко Поп Газинковски на Фејсбук.

Слични содржини