.

Попладнето, силно невреме со ветришта , врнежи од град  и грмогтевици го зафатија  Дојран.  Дождот за кратко време ги преплави улиците во градот. Во ноќните часови се очекува стабилизирање на времето, јави А1он.

hqdefault.jpg103

Според УХМР времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Screenshot_410-619x320

Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 14 до 23, а највисоката се очекува да достигне од 30 до 37 степени. УВ-индексот ќе биде 8.
Во Скопје утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до околу 20, а највисоката дневна ќе достигне до 35 степени.
Според прогнозата на УХМР, за време на продолжениот празничен викенд ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Поизразена нестабилност се очекува во понеделник и вторник.

Слични содржини