ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР: Францускиот суд одби да му ја намали казната на Карлос Шакал

од Nikola Popovski

На Карлос Шакалот, левичарски терорист кој изврши серија терористички напади низ целиот свет во 1970-тите и 1980-тите години, денеска во Париз му беше потврдена една од доживотните затворски казни.

Шакалот беше осуден во 2017 година на доживотен затвор за напад со граната во продавница на Шанзелизе во 1974 година, кога две лица загинаа, а 36 беа повредени.

Во жалбениот процес што започна во средата, одбраната на Шакалот не побара отфрлање на вината, туку само намалување на затворската казна, откако највисокиот француски суд ја укина претходната пресуда поради технички проблеми и го врати случајот на понизок суд.

Обвинителството денеска објави дека жалбата е одбиена.

Карлос, чие вистинско име е Илич Рамирез Санчез, е роден во Венецуела, сега има 71 година и веќе отслужува две доживотни затворски казни.

Слични содржини