Доживотен затвор за педофилите во Русија

од Milan1

Руската Државна Дума денеска на трето читање едногласно го усвои предлог-законот со кој се предвидува доживотен затвор за педофили на кои веќе им се судело за насилство врз малолетници, како и за првпат извршено насилство врз две или повеќе лица помлади од 18 години.

Максималната казна предвидена во документот ќе биде изречена за повторени дела на сексуално насилство врз малолетници. Доживотни казни се предвидени и за лица кои за вакво дело првпат се гонети, а жртви им се две или повеќе лица, како и во случаи кога делото е придружено со друго тешко или особено тешко кривично дело.

Со измените од второто читање пратениците прецизираа дека доживотен затвор ќе се изрече за особено тешки кривични дела против половиот интегритет на сите малолетни лица, а не само на лица помлади од 14 годиникако што е сега.

– Судот сега има можност засекогаш да изолира криминалец педофил од општеството, рече Ирина Панкина, прв заменик-претседател на парламентарна комисија.

Слични содржини