Дознајте кои се најисплатливите градови за одмор во Европа

од desk2

Доколку планирате патување низ Европа ова лето, треба да ја погледнете листата со најисплатливи градови за посетување, која ја направи Британската пошта. Според неа, Вилниус во Литванија е прогласен за град со најдобри вредности за мини одмор, ако ги земеме предвид цените и она што градот може да го понуди за посета.

Извештајот ги споредува просечните цени што туристите ќе треба да ги платат за 12 видови содржини, за одмор во 48 европски дестинации. Понудата вклучува разни пијалаци, вечерен оброк за двајца со вино, сместување со две ѕвездички за двајца возрасни, градски разглед и градски превоз.

Во главниот град на Литванија, вкупниот трошок за сето ова изнесува 165,24 евра. Сместувањето е, исто така, меѓу најевтините, поточно 78,51 евра за две ноќевања. Белград е на второто место, со вкупен трошок од 193 евра, Варшава се најде на третото место со 180 евра, а Краков, најевтиниот град минатата година, падна на 13. место на листата, со трошок од околу 225 евра.

Од останатите земји, исплатливо би било да ги посетите и Истанбул, Букурешт, Порто, Рига, Братислава, Москва и Прага бидејќи тие ги држат останатите седум позиции на листата на топ 10 најисплатливи градови во Европа.

Слични содржини