Дозвола од СТО за американски царини против ЕУ, Брисел повикува на компромис

од desk2

Светската трговска организација (СТО) попладневно даде зелено светло за американски мерки против европски производи поради нелегални субвенции за Ербас. САД се подготвува да воведе царини во износ од над седум милијарди долари.

Иако одлуката на СТО беше очекувана, Европската Унија попладнево го повтори својот став дека воведувањето на царински мерки во овој момент би било „контрапродуктивно и кусогледо“.

Светската трговска организација попладнево го одобри барањето на Вашингтон за воведување трговски противмерки во изнор од 7,5 милијарди долари врз производи од ЕУ, вклучително и прехранбени производи.

Спорот помеѓу САД и ЕУ за двата авиогиганти, Ербас и Боинг, се влече петнаесет години, и двете страни взаемно се обвинуваат за нелегални субвенции за своите шампиони.

По оваа одлука, Европската Унија подготвува низа контрамерки во облик на царини врз американски производи, но нема да може да ги примени додека не добие дозвола од СТО во текот на идната година.

-Утврдена е вина и кај ЕУ и кај САД од страна на системот за решавање спорови на СТО поради продолжено давање еден вид нелегални субвенции. Во паралелниот предмет за Боинг, ЕУ за неколку месеци ќе добие дозвола да воведе контрамерки против САД како резултат на континуираното прекршување на правилата на СТО, стои во реакцијата на Европската Комисија по објавувањето на одлуката на СТО.

Европската Комисија истакнува дека “взаемното воведување на контрамерки само ќе нанесе штета врз бизнисите и граѓани од двете страни на Атлантикот и ќе и наштети на светската трговија и авионската индустрија во чувствително време“.

Европската Унија уште еднаш ги повикува САД на преговарачка маса за да се изнајде заеднички прифатливо решение за овој долгогодишен спор на начин кој нема да им наштети на глобалните трговски односи.

ЕУ во јули поднесе предлог до Американците за нов режим на субвенции за авионската индустрија но не добила до сега одговор.

-Нашата подготвеност да изнајдеме решение останува непроменета, но доколку САД одлучи да ги воведе авторизираните контрамерки, ќе ја доведе ЕУ во ситуација каде нема да има друг избор освен да го стори истото, соопштија од Европската Комисија.

Слични содржини