Др.Аргирова од „Пирогов“ со детали околу состојбата на преживеаните патници во несреќата кај „Струма“

од Берта Китинска

Преживеаните од сообраќајката на автопатот Струма, кои дојдоа кај нас во Клиниката за изгореници на „Пирогов“ беа во  исклучително тешка психолошки состојба, изјави за БТВ, др.Маја Аргирова, шеф на клиниката.

Според неа, покрај сите медицински протоколи и пружена помош на повредените , најважна била психолошката помош што успеале да ја добијат која им била овозможена на мајчин јазик за да биде што е можно поефективно.

„Емотивно, овие случаи беа многу различни. Некои од пациентите ги имаа изгубено најблиските во несреќата – сопруга, деца“, рече Аргирова.

Таа сподели и што кажала една од повредените – откако настанал пожарот.

„Тој во метежот го видел чеканот за стакло во автобусот и со него успеал да ги скрши стаклата на возилото и на тој начин се спасиле и успеал да излезе преживеаните“, кажа Аргирова.

Денеска  од судска медицина во Бугарија соопштија дека се индетификувани телата на 45 лица кои загинаа во запален автобус на автопатот Струма. Според првичните информации, тие во петок со воен авион ќе бидат вратени во Скопје.

Претходно оваа недела, министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи, објави дека разговарал со заменик главниот обвинител Борислав Сарафов и бугарската влада и дека е донесена одлука телата да се транспортираат со бугарски авион.

Слични содржини