Др.Беќаровски: Британската мутација во летните месеци може да се изгуби

од Берта Китинска

Вирусот не се знае кај ќе удри и со тоа прави дополнителни проблеми.Пост-ковид синдромот има различни симптоми, последно се појави пост-ковидна мозочна магла, замагленост на видот, омалаксаност. Но има и пост-ковид вертиго, кај оние кои поминаа со полесна форма, манифестирана со вртоглавица. Кај дијабетичарите има дисрегулација на шеќерот, вели д-р Нико Беќаровски, Институт за токсикологија во Студио 10 на ТВ24.

-Околу 160.000 има официјално регистрирани кои го прележаа вирусот, уште толку има кои го прележале вирусот без да знаат. Така е и насекаде во светот, но и кај нас пост-ковидот бројката е висока. Не се согласувам дека причина за падот на бројките е колективниот имунитет. Како што се зголемува бројот на вакцинирани, требаше да има постепен пад. За 7 дена кај нас има голем пад, тоа се должи на топлото време, според моето убедување. Британската мутација се појави зимоска и беше позаразна, толку е посклон овој сој во летните месеци да се загуби, а минатите денови имаше кај нас температури и над 30 степени. Оптимист сум дека може годинава да се оди на одмор, вели Беќаровски.

Тој вели дека како пандемски облик се ближиме кон крајот, но можеби ќе се случи малку поголем бран во јужната хемисфера.

Слични содржини